Косово

Приштина и Белград меѓусебно се обвинуваат за вчерашните инциденти

07.12.2022 16:27

Според полицијата, маскирани лица ја демолирале канцеларијата на Централната изборна комисија. Во пукотниците и детонациите нема повредени...

Приштина и Белград меѓусебно се обвинуваат за вчерашните инциденти во кои, според полицијата, маскирани лица ја демолирале канцеларијата на Централната изборна комисија.

Во пукотниците и детонациите нема повредени. Тие наводно се обиделе да ги спречат подготовките за вонредните локални избори во четирите општини со мнозинско српско население.