Руско-украински конфликт

Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за гранатирањето во Запорожје

07.12.2022 18:02

Унгарија стави вето на нов пакет помош од 18 милијарди евра за Украина, од ЕУ ,поради спорот со Брисел во однос на обвинувањата дека Будимпешта не ги почитува основните демократски начела...

Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за гранатирањето во Запорожје.

Унгарија стави вето на нов пакет помош од 18 милијарди евра за Украина, од ЕУ ,поради спорот со Брисел во однос на обвинувањата дека Будимпешта не ги почитува основните демократски начела.

Украинскиот министер за надворешни работи, Кулеба, изјави дека ќе има два услови за крај на војната: Русија да се откаже од своите планови за инвазија и да ги повлече своите трупи од украинско тло.