Кина

Кинеските власти ги намалија ковид-рестрикциите

07.12.2022 18:07

Поголемиот дел од луѓето сега ќе можат да бидат во домашен карантин, а за влез во повеќето јавни објекти нема да биде потребен ПЦР тест...

Кинеските власти ги ублажија ковид-рестрикциите кои предизвикаа масовни протести во последните неколку недели.

Поголемиот дел од луѓето сега ќе можат да бидат во домашен карантин, а за влез во повеќето јавни објекти нема да биде потребен ПЦР тест, со исклучок на болниците и училиштата.