Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители не избра директор
Поштата не стигнала на време, па Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, во последен момент, дозна дека има и четврти кандидат за директорската позиција...

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители не избра директор. Поштата не стигнала на време, па Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, во последен момент, дозна дека има и четврти кандидат за директорската позиција.
Според процедурите, пристигнатите кандидатури најпрво ги разгледува тричлена комисија, а потоа како точка на дневен ред, на седница на Управен одбор се избира директор. Кусо било времето и тричлената комисија не успеала да се состане денеска, пред официјално закажаната седница.
Со последната, пристигната по пошта, има вкупно четири кандидатури за директор на Академијата. Претседателот закажа седница за в петок.
