Италија
Смртни закани за италијанската премиерката Мелони
07.12.2022 19:31
Италијанската премиерка Џорџа Мелони се соочува со закани на интернет, каде маж, незадоволен од владиниот план да ги укине субвенциите за борба против сиромаштијата, повика на смрт за неа и нејзината шестгодишна ќерка...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони се соочува со закани на интернет, каде маж, незадоволен од владиниот план да ги укине субвенциите за борба против сиромаштијата, повика на смрт за неа и нејзината шестгодишна ќерка. Полицијата го приведе мажот и му го затвори профилот наТвитер.
Десничарската влада на Мелони, има намера да ја ограничи таканаречената програма за приходи на граѓаните од 2023-та година, а потоа да ја укине регулативата во 2024-та година, кога на сила треба да стапи нов модел на помош.
