Временска прогноза
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец
08.12.2022 07:32
Денеска времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во западните делови ќе има појава на локален дожд...

Денеска времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во западните делови ќе има појава на локален дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје значително облачно со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 12 степени.
