Се празнува 8 Декември – Св. Климент Охридски
Во Македонија денеска со низа настани се одбележува 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски. Пред споменикот на Св. Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека во Скопје, собраниска и владина делегација ќе положи цвеќе, а во Собранието ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“...

Во Македонија денеска со низа настани се одбележува 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски. Пред споменикот на Св. Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека во Скопје, собраниска и владина делегација ќе положи цвеќе, а во Собранието ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“.
Во состав на владината делегација ќе бидат заменик министерот за правда Агим Нухиу, заменик министерот за финансии Филип Николоски и заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, а во состав на собраниската делегација потпретседателот Горан Мисовски, Даниела Марковска и Велика Стојкова-Серафимовска.
Државната награда „Св. Климент Охридски“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.
