Ракометна гордост
„Треба да бидете горди на тоа што го имате овде“-колку и да прозвучија куртоазно зборовите на тренерот на Флензбург Љубомир Врањеш по нивниот триумфален пораз во Скопје се чини дека беа повеќе од искрени,како и бројните признанија од сите страни на Европа за македонското ракометно чудо. И по два дена чувствата, емоциите се измешани. Победата што значеше пораз тешко се преболува. Затоа што пласманот на Вардар на фајнл-фор турнирот беше блиску, на чекор , на секунди и уште повеќе, ќе беше заслужен. Но таков е спортот.

„Треба да бидете горди на тоа што го имате овде“-колку и да прозвучија куртоазно зборовите на тренерот на Флензбург Љубомир Врањеш по нивниот триумфален пораз во Скопје се чини дека беа повеќе од искрени,како и бројните признанија од сите страни на Европа за македонското ракометно чудо. И по два дена чувствата, емоциите се измешани. Победата што значеше пораз тешко се преболува. Затоа што пласманот на Вардар на фајнл-фор турнирот беше блиску, на чекор , на секунди и уште повеќе, ќе беше заслужен. Но таков е спортот. Ќе ги бараме неспортските аспекти, ќе ги проколнуваме последните мигови што не дозволија европски восклик на 7000 на трибините, а беа подготвени. Ќе остане горчина во душата, но треба ли?
Треба да бидеме горди. Двата македонски репрезенти во елитното европско натпреварување оставаат зад себе сезона за паметење, за историја. Скопје и Македонија го добија признанието за европски центар на ракометот, единствен случај вклучувајќи го и женскиот состав на Вардар на три клуба чии соблекувални се во ист град, во иста сала и на само неколку метри , а ја покоруваа Европа. Треба ли поголемо признание од воодушевувањето со кое сите говореа за единствената атмосвера во салата Борис Трајковски. За единствената сплотеност на клубовите и навивачите, за подрршката што доаѓа од длабочината на душата,искрено , без предрасуди и лажен патриотизам, од срце.Да , Македонија го има тоа што ја прави единствена и треба да се гордее.И да не застане. Патот до врвот е долг, неопходна е и среќа и искуство да се стигне дотаму, но македонските клубови се на вистинскиот пат, треба да се истрае со истата жар и љубов.Тогаш и на врвот ќе биде многу поубаво.
