Протест

Продолжуваат протестите на приватните автобуски превозници

08.12.2022 07:52

Приватните автобуски превозници и денеска продолжуваат со протестите преку блокади на неколку од главните сообраќајни точки во главниот град...

Приватните автобуски превозници и денеска продолжуваат со протестите преку блокади на неколку од главните сообраќајни точки во главниот град.

Според досегашните изјави од нивна страна, тие нема да ги отстранат автобусите сè додека не се исполнат нивните барања за исплата на долгот што го побаруваат од Град Скопје.

Тие бараат од Град Скопје да се исплати долгот кон двете компании кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање поради недостиг на средства.