Велешката болница набави нови апарати од сопствени средства, но има недостиг на кадар
Болницата во Велес се поднови со нови апарати, гастроскоп и колоноскоп, набавени од сопствени средства. Од друга страна пациентите и матичните лекари реагираат за недостаток на одредени доктори специјалисти во оваа јавна установа...

Велешката Општа болница набави нови апарати за гастроскопија и колоноскопија, инвестиција од сопствени средства, во висина од 50 илјади евра. Со неа пациентите од велешко, нема да имаат потреба да бараат лекарска грижа во други градови. Досега колоноскопија не се извршувала во болницата во Велес.
Во болницата недостигаат одредени доктори специјалисти, реагираат и пациенти и матичните доктори.
Директорот Бојаџиев предупредува дека годинава и следната од велешката болница има 40 пензионирања, што доктори специјалисти што сестри.
Болницата уште го чека одговорот од Министерството за здравство, за користење на монтажната болница, бидејќи состојбата со греењето на Инфективното одделение е лоша.
Петар Печков
