Свет

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала регистриран во Јадранското Море

08.12.2022 10:39

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала регистриран во Јадранското Море...

Нов земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди Јадранското Море околу седум часот утринава, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на 67 километри источно од италијанскиот приморски град Римини.

Приближната локација беше погодена од земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала на 9 ноември, кој беше почувствуван во Хрватска. По него следеа неколку умерени земјотреси во областа.