Новиот модел на субвенционирање е неприфатлив за најголем дел од земјоделците
Новиот модел на субвенционирање на земјоделците според синдикатот е ново финансиско оптоварување во услови кога најголем дел од родот земјоделците го продаваат под производната цена. Динамиката на производство на храна е доведена во прашање, заради што Самостојниот синдикат подготвува генерален штрајк доколку не се доработат условите за субвенционирање...

Новиот модел на субвенционирање е причина повеќе за генерален штрајк на земјоделците. Самостојниот синдикат ги финишира барањата пред штрајк кои наскоро ќе ги достави до Министерството за земјоделство. Велат задолжителното предавање на родот во откупни центри според сегашните услови е неизводливо, задолжителното користење на агрономски услуги е скапо, но она на што земјоделците најмногу реагираат е задолжителното осигурување на родот.
Новиот модел предвидува и задолжително користење на сертифициран семенски материјал.
Доколку останат овие услови за субвенционирање, добар дел од земјоделците нема да аплицираат.
Синдикатот во име на земјоделските здруженија бара доработка на моделот за субвенционирање и вклучување на претставници од земјоделците во процесот.
Славица Величковска
