Света архијерејска литургија во Соборниот храм по повод Св. Климент Охридски
Се одбележува празникот Свети Климент Охридски – чудотворец кој е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата охридска книжевна школа и најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело станал заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет. Во Соборниот храм свечена литургија во спомен на патронот...

Денес, Македонската православна црква го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски чудотворец. Најпознатиот меѓу повеќето учители на светите браќа Кирил и Методиј.
Денес, кога нашата црква го празнува својот небесен закрилник свети Климент, охридскиот чудотворец, историскиот безизлез и сета бесмисленост на постоењето исчезнуваат во настаните што следуваат токму на крајот на овој Божиќен пост, беше кажано на светата архијерејска литургија во чест на свети Климент Охридски.
Свети Климент е основоположник на Македонската православна црква и на нашата писменост. Најдлабока почит кон неговата заслуга за македонскиот народ, идентитет и култура, велат граѓаните.
Македонската православна црква со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски. Творец е на познатата охридска книжевна школа и најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело станал заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.
Александра Спировска
