Недостасуваат работници за енергетски ефикасни објекти
Општината Aеродром е првата општина во која се градат енергетско ефикасни згради. Енергетскиот пасош ќе биде зелено светло за станот кој што се купува или продава...

Околу 2000 работници во градежниот сектор ќе треба да се обучат за да градат енергетски ефикасни објекти, дел од проектот „Билд ап скилс“ кој до 2015 ќе опфати пет видови на обука со што ќе се создаде стручно подготвен кадар во градежниот сектор, вели Ирена Мојсовска проект координатор.
Општината Aеродром е првата општина во која се градат енергетско ефикасни згради. Енергетскиот пасош ќе биде зелено светло за станот кој што се купува или продава .
Според анализите за да се воведат мерките на енегетска ефиксаност во високоградбата ќе биде потребна обука на 9600 работници во 23 градежни занимања. Во Македонија потребно е годишно да се реновира 1,157 милиони метри квадратни станбен фонд од кои 838.000 метри приватен и 328.000 јавен, за да се следат препораките на ЕУ за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Македонија треба да спроведе најмалку три отсто енергетска ефикасност на годишно ниво, а до 2018 година треба да има имплементирано до 9 проценти.
Дијана Ценевска
