Украина

Путин: Зголемен ризикот од нуклеарна војна

08.12.2022 12:08

„Ризикот од нуклеарна војна е зголемен, но Русија не е луда да употреби прва нуклеарно оружје“, изјави шефот на Кремљ Путин...

„Ризикот од нуклеарна војна е зголемен, но Русија не е луда да употреби прва нуклеарно оружје“, изјави шефот на Кремљ Путин. Во својот говор на Годишниот состанок на рускиот совет за човекови права, додаде дека такво сценарио би било можно само доколку биде нападната.

„Војната во Украина ќе биде долг процес. Досега постигнатите резултати се значајни. Со анексите, Азовското море го направивме внатрешно море на Русија, што беше една од аспирациите на Петар Велики, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

Според украинските власти, руските сили во текот на ноќта го гранатирале Николаев. Рестрикциите на струјата остануваат во Киев. Во Севастопол урнат украински дрон над Црно Море.

„Постојано го зголемуваме создавањето и снабдувањето со електрична енергија, количеството се зголемува. Не треба да заборавиме дека е невозможно да се врати 100% од енергетскиот систем како пред руската агресија. Потребно е време, поради тоа, повеќето градови ја задржаа шемата на исклучување“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во меѓувреме, Европската комисија предложи воведување на нов пакет санкции, деветти по ред, за Москва.