Шкотска

Зголемена поддршка за независност

08.12.2022 12:08

Поддршката за независност на Шкотска се зголеми за 56% две седмици откако судот на Велика Британија го попречи обидот на Владата за втор референдум за независност...

Поддршката за независност на Шкотска се зголеми за 56% две седмици откако судот на Велика Британија го попречи обидот на Владата за втор референдум за независност.

Според ИПСОС, шкотската Национална партија на чело со премиерката Никола Старџен би освоила над 50% од гласовите на изборите во 2024 година. Таа веќе најави дека кампањата ќе се базира исклучиво на прашањето за самостојноста така што гласањето ќе претставува своевиден референдум.

Во 2014 година, шкотското население одби да излезе од Унијата со Англија која трае три века. Две години подоцна по Брегзит, на маса се врати прашањето за независност бидејќи мнозинството беше против таа одлука.