Мицкоски: Власта не е патрон на македонските интереси
Длабоко ме разочарува отсуството на стратегија на власта, тие се најдобрите асови на бугарската политика и не се патрони на македонските интереси-вели лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на партиската трибина. Според него декларативни се заложбите на власта за сузбивање на криминалот и корупцијата. Повторно повика на одржување на предвремени парламентарни избори...

Длабоко ме разочарува отсуството на стратегија на власта, тие се најдобрите асови на бугарската политика и не се патрони на македонските интереси – рече во своето излагање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на трибината „Св. Климент Охридски стожер на македонската грамотност“. Декларативни се заложбите на власта за сузбивање на криминалот и корупцијата. Криминалот и корупцијата го уништуваат системот, а тоа е стара болка на актуелната власт вели Мицкоски.
Ако имате корумпирани политички елити коишто ја водат, државата, тие имаат ахилова пета, а тогаш не носат одлуки коишто се од интерес на народот туку одлуки затоа што тој што ве корумпирал и ве криминализирал и ви наредува да носите такви одлуки – потенцира Мицкоски.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ повторно повика на одржување на предвремени парламентарни избори. Нагласи дека 20 процентната инфлација е она што го боли народот, и тоа што храната поскапела за близу 30 проценти во просек за само една година.
Миле Ристески
