Брисел

Хрватска влегува во Шенген, за Бугарија и Романија потврдено е ветото

08.12.2022 15:31

На состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија, Хрватска доби едногласна поддршка за влез во Шенген зоната, додека за Бугарија и Романија немаше консензус...

На состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија, Хрватска доби едногласна поддршка за влез во Шенген зоната, додека за Бугарија и Романија немаше консензус, известуваат медиуми повикувајќи се на дипломатски извор.

Хрватска со тоа станува 27-ма членка на Шенген зоната и за помалку од еден месец, од 1-ви јануари 2023 година, граничните контроли ќе бидат укинати на копнените и поморските гранични премини, а на пролет 26-ти март 2023 година и на аеродромите.