Граѓаните ја прославија победата на ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот „Македонија“
Граѓаните кои ја дадоа подршката и дојдоа на плоштадот очекуваат и во следниот период макотрпна работа од владата, реализирање на ветеното и подобрување на животниот стандард...

Со овации, развиорени знамиња и огмномет на плоштадот „Македонија“ граѓаните ја прославија двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата на предвремените парламентарни и претседателски избори. Граѓаните кои ја дадоа подршката и дојдоа на плоштадот очекуваат и во следниот период макотрпна работа од владата, реализирање на ветеното и подобрување на животниот стандард.
На изборите јасно се виде вољата на граѓаните. Изборите се неформален договор со нив. Граѓаните не следеа, ги анализираа нашите проектии повторно ни ја дадоа огромната доверба. Во 9 изборни циклуси 9 победи на ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на партијата Никола Груевски пред присутните на плоштадот.
Не очекува уште работа и посветеност кон државата, рече претседателот Ѓорге Иванов. Успеавме да го вратиме достоинството на политиката во Македонија. Направивме политиката да е место за чесни и вредни луѓе, а успехот на поединецот е успех на целата држава, рече Иванов и честита на неговиот конкурент за освоените гласови.
Имаме искрен пристап кон граѓаните со обмислени и пресметани ветувања, концепт кој го помага образованието, здравството, земјоделството, се бори против криминалот и корупцијата концепт кој ја носи земјата кон НАТО и Европската унија – беше речено на плоштадот „Македонија“ за време на прославата.
Отворени сме за нови лица кои сакаат да и помогнат на Македонија... не сме обврзани, но ќе распишеме оглас за разни профили на луѓе кои сакаат да работат за Македонија да се движи во подобра насока – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на плоштадот „Македонија“.
Миле А. Ристески
