Блокади

Протестите на приватните превозници се селат пред Град Скопје

08.12.2022 16:56

Од утре од 10 часот протестите се дислоцираат пред бараките на Град Скопје – одлучи координативното тело на приватните превозници...

Од утре од 10 часот протестите се дислоцираат пред бараките на Град Скопје – одлучи координативното тело на приватните превозници.

Булеварот „Илинденска“ ќе биде блокиран во сите четири ленти. Револтирани се од управата на градот, остануваат на ставот дека никој нема да се пријави на повикот за индивидуално пријавување од Град Скопје.

Тие уште еднаш порачаа да им се исплати долгот во висина од 1,5 милиони евра кој градот го има кон нив. Град Скопје пак стојат на ставот – преговори нема, превозниците долговите треба да си ги побараат на суд.