Македонија

Приватните превозници од денеска ќе протестираат само пред Град Скопје

09.12.2022 09:57

Од барањето за исплата на долгот не се откажуваат. Утре ќе решаваат, дали ќе ги прекинат блокадите...

Приватните превозници денеска на протест само пред Град Скопје. Автобусите ги паркираа на булеварот „Илинденска“. Блокирани ќе бидат четирите ленти на Илинденска на потегот од Влада до МИ – ДА.

Од барањето за исплата на долгот не се откажуваат. Утре ќе решаваат, дали ќе ги прекинат блокадите.

 Град Скопје пак, треба да го објави јавниот повик за две линии со број 20 и 22. Приватните превозници децидни – нема да аплицираме.