Борусија со нов предлог за Ројс
Поучена од искуството со Марио Геце, кој не можеше да одолее на понудата да замине во Баерн, Борусија Дортмунд размислува да му понуди нов договор на Марко Ројс. Тој е еден од фудбалерите на кои може да се гради иднината на клубот, па челниците на германскиот и европски вице - првак решија да ја зголемат платата на Геце, но под еден услов. Ако фудбалерот се согласи да прима седум наместо досегашните пет милиони евра годишно, тогаш треба да потпише договор без откупна клаузула.

На тој начин, Борусија сака да се заштити од „нападите“ на помоќните клубови на фудбалскиот пазар. Во сегашниот договор меѓу Борусија и Ројс има член според којшто во периодот до летото 2015-та фудбалерот може да го напушти „Вестфален“ доколку тој или пак некоја друга заинтересирана страна плати 35 милиони евра. Користејќи таква клаузула, Баерн го купи Геце за 37 милиони евра, сума рекордна за Бундеслигата.
Сегашниот договор на Геце и на Борусија е со важност до 2017-та. Клубот планира да ги обезбеди услугите на влијателниот играч во истиот период, но под поинакви услови. Поинаку кажано, за вкупно шест милиони евра поголема плата за Ројс, клубот би го добил правото сам да решава дали ќе го продаде играчот или не. Според сите овие калкулации, може да се заклучи дека Борусија сака да го задржи Марко Ројс.