Денеска нов обид да се избере директор на Академијата за судии и јавни обвинители
Четвртата кандидатура во последен момент го одложи изборот завчера, откако и Андреј Димовски, судија од Основен граѓански суд и единствен национален судија со меѓународно искуство, влезе во трката за раководење со институцијата...

Денеска нов обид да се избере директор на Академијата за судии и јавни обвинители. Четвртата кандидатура во последен момент го одложи изборот завчера, откако и Андреј Димовски, судија од Основен граѓански суд и единствен национален судија со меѓународно искуство, влезе во трката за раководење со институцијата.
В. Д директорот Бесир Алиу, кој е и член на Управниот одбор на Академијата, рече дека кандидатурата на Димовски е испратена по пошта во рамки на временскиот рок, па документите мора да се разгледаат. Негови конкуренти остануваат Наташа Габер-Дамјановска, која досега ја водеше Академијата, Емилија Шопар-Јованова од Скопскиот граѓански суд и Ненад Савевски од Кривичниот суд-Скопје.
