Македонија

Дојави за бомби во средни училишта, трговски центри, полициска станица и транспортниот центар

09.12.2022 12:59

Скопје мета на анонимни дојави за поставени бомби. Пристигнале на електронските адреси во неколку средни училишта, трговски центри, полициска станица и транспортниот центар. Кај граѓаните паника. Полицијата и екипите за антитероризам на терен...

Освен во неколку средни скопски училишта, речиси истовремено дојави за поставени експлозивни направи на електронските адреси упатени и во трговски центри, една полициска станица, станбено деловни објекти, но и транспортниот центар. Веднаш се преземени безбедни мерки за евакуирање на посетителите во објектите и антитерористички проверки. Граѓаните во паника.

Вработените што беа евакуирани пак велат дека не им било кажано зошто, само биле замолени да ги напуштат работните места.

Поради дојава за поставени бомби, евакуирана и скопската железничка станица. Полицијата го блокираше пристапот, а целосно беше затворен и подвозникот од центар кон аеродром

Дојавите за бомби почнаа во неколку скопски средни училишта, продолжија во градинки, а еве денеска и во неколку трговски центри. Министерот спасовски неколку пати изјави дека според него ова се хибридни закани со цел да се создаде паника кај населението.

Последните пријави за среќа лажни, беа во девет средни училишта во Скопје, но и во народната банка и централниот регистар. Од 26-ти октомври годинава, над 10-на анонимни пријави за поставени бомби, сите лажни. Досега полицијата осомничи еден малолетник од Скопје за тероризам. Тој од компјутерот на неговата мајка испратил електронска порака за поставена бомба во училиште.

Александра Спировска