Победи на Хјустон и на Портланд!
„Блејзерс“ поведоа со 3:1, Канаѓаните израмнија на 2:2 во ноќешните два НБА плеј - оф натпревара од првото коло. И во четвртата меѓусебна пресметка во доигрувањето, Портланд и Хјустон играа продолжение. За водство во западната серија за којашто за подобар се потребни четири триумфи, Портланд славеше со 123:120. Двајт Хауард на 3.6 секунди пред крајот на основниот дел од мечот израмни со забивање, а Мо Вилијамс не погоди тројка за победа до којашто сепак домаќините конечно и тоа првпат стигнаа по допонителни пет минути.

„Блејзерс“ поведоа со 3:1, Канаѓаните израмнија на 2:2 во ноќешните два НБА плеј - оф натпревара од првото коло. И во четвртата меѓусебна пресметка во доигрувањето, Портланд и Хјустон играа продолжение. За водство во западната серија за којашто за подобар се потребни четири триумфи, Портланд славеше со 123:120. Двајт Хауард на 3.6 секунди пред крајот на основниот дел од мечот израмни со забивање, а Мо Вилијамс не погоди тројка за победа до којашто сепак домаќините конечно и тоа првпат стигнаа по допонителни пет минути. Кошаркарот на Портланд ЛеМаркус Олдриџ беше најефикасен на натпреварот со 29, додека кај „Рокетс“ Џејмс Харден постигна поен помалку.
На „истокот“, Торонто ја врати предноста на домашниот паркет откако победи во Бруклин со 87:79 и израмни на 2:2. Иако имаа и 17 поени пзотива, „Репторс“ триумфот го обезбедија во последните шест минути кога „Нетс“ не постигнаа ниту поен од игра. ДеМар ДеРозан реализараше 24 поени кај торонто кој ќе биде домаќин на петтиот и евентуално на решевачкиот седми дуел. Најрасположен во Бруклин беше Пол Пирс со 22 коша.
Претходно, во нешто порано одиграните неделни мечеви, Голден Стејт беше неочекувано убедлив дома против ЛА Клиперс со 118:97 за 2:2 во западната конефернција, додека во источната, Вашинготн ја зголеми предноста проив Чикаго на 3:1 откако во главниот град се радуваше со 98:89.
