Антикорупционерите без детали за американскиот тим истражители
За четири години од функционирањето на овој состав на антикорупциска, ниеден нивен предмет за корупција, непотизам или конфликт на интереси, не е процесиран. Сè уште немаат информации за американскиот тим истражители…

Доаѓањето на тимот американски експерти за да проверат дали сегашни и поранешни функционери биле вмешани во корупција е поразително за земјата и показател дека не сме си ја завршиле домашната задача, смета првата антикорупционерка Билјана Ивановска. Од Комисијата ја поздравуваат активноста за помош, но додаваат дека до сега не добиле покана за средба со тимот, ниту пак знаат детали за нивната посета.
Од Антикорупциска најавуваат проверка на досиејата на сите кандидати во Академијата за судии и јавни обвинители од нејзиниот почеток до денес за да се провери дали има случаи со предвремено положен правосуден испит. Со помош на просветниот инспекторат, антикорупциска ќе проверува какви уверенија издавале и останатите универзитети.
До сега до Комисијата се пристигнати 43 пријави за можна корупција.
Анита Димитријевска Велковска
