Куманово: Граѓаните со поделени мислења за намалувањето на цените
Повеќе од една седмица дел од прехранбените компании користат повластена струја. Цените на рафтовите во маркетите се различни. Дел ги намалиле цените, останатите чекаат да ги потрошат залихите. Граѓаните незадоволни бараат намалувања. Пазарната инспекција на терен. Појаснуваат реален пад на цената може да се очекува со новите набавки на трговците...

Граѓаните со поделени мислења за цените на основните прехранбени производи. Дел од нив велат цените почнаа да паѓаат, други пак со мислење дека има маркети каде што не почувствувале дека има намалувања, како што наложи Владата од 1-ви декември, согласно одлуката за субвенционирана струја за прехранбената индустрија.
„Не сум забележала некое намалување, цените се такви какви што се. Мислам дека уште не е тоа што го очекуваме намалување“, вели една граѓанка.
„Нема никакво намалување, дури има и некои покачени повеќе. Велат за зејтин дека ќе се намали но не 106 денари е во маркетите. Оваа криза е исклучиво на трговци“, дополнува друг граѓанин.
„Не се намалени во некој артикл малку намалени а во друг не се забележува“, дополнува друга граѓанка.
„Сега сестра ми вика два денари е намален зејтин, друго ништо, а пензиите не ни се качени, а треба да се намали“, нагласува повозрасен кумановец.
Од пазарната инспекција велат дека екипите се постојано на терен и се врши увид. Постои тренд на намалување на цените на лебот во просек од два до пет денари, маслото за јадење, млекото, сувомеснатите производи, зависно од трговецот и добавувачот.
„По однос на набавната цена се придржуваат трговците дополнително она што го имаме како најава е дека сега во моментов за оние производи кои се со подолг рок на траење имаат и залихи кои согласно одлуката мора да се придржуваат и набавната вредност да додадат 5 или 10 проценти, но оние што имаат дневна потрошувачка како лебот, млекото, веќе имаме тренд на намалување“, вели Анета Симеска Димоска, в.д директор на Државен пазарен инспекторат.
Од инспекторатот појаснуваат дека реален пад на цената може да се очекува со новите набавки на трговците, кои имаат и залихи.
Според владината одлука дел од компаниите од прехранбената индустрија користат повластена цена на струја од 80 евра за мегават час.
За субвенционираната струја корисниците се задолжени да ги намалат цените на голем дел од прехранбените производи до 10 проценти.
Елена Георгиевска
