Пелагонија

Натпросечни приноси од есенските посеви

09.12.2022 15:08

Во нашата најголема житница последниве десетина години не се памети есенските посеви пред сè пченицата да бидат во таква добра развојна кондиција. Доколку временските услови и понатаму одат од рака на земјоделците, а останатите важни операции пред сè прихраната се извршат во оптималните рокови експертите од денешен аспект на состојбите навестуваат приноси од над 5 тони по хектар...

Ако се водиме според народната „како ќе посееш така ќе жнееш“ зад пелагониските земјоделци е една есенска сеидба која од позитивен аспект подолго ќе се памети. Најголемата житница дебело зазелената, а само уште на мал дел површини есенските посеви ја завршуваат фазата на братење.

Според актуелната состојба агрономите предвидуваат просечните приноси да достигнат над пет тони по хектар доколку се оди според планот. Првиот предизвик е најавата за големиот циклон викендов. Експертите велат иако почвата е влажна може да прими уште 40 литри дожд на квадрат, но апелираат и на превентивата од евентуално заезерување.

Во оваа фаза од развојот на посевите важно е што досега нема појава на штетникот забрус. Сепак Лазаревски напоменува за постојано следење на посевите и извршувањето на операцијата прихрана во оптималните рокови.

Во Пелагонија под есенски посеви се околу 15.000 хектари, Доминира пченицата распространета на 12.000 хектари или 2.000 повеќе во однос на претходните години.

Стевче Митревски