Македонија

ЕК го обнови договорот со Македонија за борба против тероризмот

09.12.2022 15:20

Европската унија и Македонија потпишаа ревидиран договор за спроведување на заедничкиот акционен план за борба против тероризмот. Со него се идентификуваат конкретни и приоритетни активности на антитерористичката соработка во наредните две години...

Европската унија и Македонија потпишаа ревидиран договор за спроведување на заедничкиот акционен план за борба против тероризмот. Со него се идентификуваат конкретни и приоритетни активности на антитерористичката соработка во наредните две години.

„Ревидираниот договор ќе и овозможи на Северна Македонија и ЕУ поблиску да соработуваат за предвидување, спречување, заштита и одговор на терористичките закани. Тоа, исто така го покрива спречувањето на насилниот екстремизам и поларизацијата на нашите општества поттикнати од дезинформации“, изјави министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Во ревидираниот акционен план ќе соработуваме поблиску на заштита на критичната инфраструктура со јакнење на капацитетите за превенција на терористички напади. Северна Македонија и ЕУ се посветени на развој на капацитетите за предвидување, превенција и одговор на терористичките закани, вклучувајќи го и екстремниот тероризам. Северна Македонија припаѓа на европското семејство. Зацврстувањето на нашата заедничка безбедност е клучна“, изјави Илва Јохансон, еврокомесар за внатрешни работи.

Македонските власти ќе поднесуваат извештаи до европската комисија двапати годишно за спроведувањето на договорот, додека комисијата ќе дава поддршка за реализација на активностите.

Ирина Гелевска