Уставен суд

Заврши мандатот на судијата Вангелина Маркудова, Уставен остана со 6 судии од предвидени 9

09.12.2022 15:48

Заврши мандатот на судијката Вангелина Маркудова со што Уставниот суд остана со 6 од предвидени 9 судии. Од судот информираат дека таа како судија известител во изминатите 9 години работела на 256 предмети...

Заврши мандатот на судијката Вангелина Маркудова со што Уставниот суд остана со 6 од предвидени 9 судии. Од судот информираат дека таа како судија известител во изминатите 9 години работела на 256 предмети.

Последна иницијатива по којшто Маркудова работеше и ја реферираше на седницата е за Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица и по овој предмет Уставниот суд поведе постапка, односно изрази сомнеж во уставноста на членот 22 кој им овозможува на разрешените функционери или оние кои сами си дале оставка да земаат плата, апанажа и по завршувањето на мандатот.