Култура
Јуниорски Евросонг 2022 - Погледнете ја втората проба на Лара, Јован и Ирина
08.12.2022 21:02
Во недела на 11-ти декември со почеток од 16:00 часот, гледачите на МРТ ќе имаат можност во живо да го следат јубилејното 20-то издание на Јуниорскиот Евросонг.
Во недела на 11-ти декември со почеток од 16:00 часот, гледачите на МРТ ќе имаат можност во живо да го следат јубилејното 20-то издание на Јуниорскиот Евросонг. Лара заедно со Јован и Ирина, со песната „Животот е пред мене“ веќе ги освоија симпатиите на фановите. Заедно со нив на сцена се и танчарките Александра и Мила. Во продолжение погледнете дел од пробата и уживајте во позитивната енергија која тие ни ја испраќаат.
