Гир: Македонија е на крстопат – или ќе се справи со корупцијата или таа ќе се вкоренува уште повеќе
Според Гир корупцијата е сè поприсутна во нашето општество, наметната е состојба во која се верува дека невозможно е да се борите против ова зло. Тоа создава недоверба и разочараност кај граѓаните. Единствениот начин е да се бориме е зајакнување на државните институции...

Оваа земја е на крстопат – мора да избере дали ќе се движи напред, решително да се справува со корупцијата или ќе дозволи шемите на корупција да се вкоренуваат уште повеќе вели евроамбасадорот Гир. Според него корупцијата е сè поприсутна во нашето општество, наметната е состојба во која се верува дека невозможно е да се борите против ова зло. Тоа создава недоверба и разочараност кај граѓаните. Единствениот начин е да се бориме е зајакнување на државните институции.
„Очекуваме Владата да води, Собранието има своја улога како законодавна власт да врши надзор. Од страна на ЕУ континуирано и јавно следевме и ги потенциравме неуспесите и пропустите во областа на корупцијата. Повикуваме на поголема акција. Многу инвестиравме и ќе продолжиме. Остануваме ваш сигурен партнер, но очекуваме резултати. Граѓаните очекуваат резултати“, изјави Дејвид Гир.
Одговорност мора да има, точно индивидуално лоцирана и санкционирана со цел да не се фрли дамка врз целата институција. Граѓаните нема да толерираат нова негативна забелешка оцени вицепремиерката Грковска. Нејзиниот колега Маричиќ упати на забелешките од Извештајот на Европската комисија, според којшто има политичка волја за справување со корупцијата, но тоа не е доволно.
Сите чинители подеднакво во рамките на своите надлежности треба да дадат свој придонес во решавањето на клучното прашање, порача премиерот Ковачевски на социјалните мрежи.
Марина Стојанова Тонева
