Наташа Габер-Дамјановска реизбрана за директорка на Академијата за судии и јавни обвинители
Старо новата директорка Наташа Габер – Дамјановска на чело на Академијата ќе биде и во наредните четири години. Од неа се очекува да ја унапреди институцијата на повеќе полиња...

Бодан Лазаревски, член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители оцени-имале тешка задача, но заеднички донеле одлука. Старо новата директорка Наташа Габер – Дамјановска на чело на Академијата ќе биде и во наредните четири години. Од неа се очекува да ја унапреди институцијата на повеќе полиња.
Сите 9 члена на УО на Академијата за судии и јавни обвинители се изјаснија против кандидатот Андреј Димовски, додека за Ненад Савевски, 5 беа „против“, 3 „за“ и еден воздржан. За Емилија Шопар Јованова која беше кандидат не се гласаше бидејќи беше констатирано дека не ги исполнувала условите за директор на Академијата за судии и јавни обвинители.
Наташа Ј. Менковски
