Временска прогноза

Облачно со повремени врнежи од дожд

10.12.2022 08:35

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 л/м2). Минималната температура ќе се движи од 4 до 11 степени, а максимална од 10 до 15 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 л/м2). Минималната температура ќе се движи од 4 до 11 степени, а максимална од 10 до 15 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје претпладне ќе биде облачно, а во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.