Нови американски санкции за Русија
За време на својот престој на Филипините, американскиот претседател Барак Обама објави нови санкции за Москва. Седум руски владини претставници како и 17 компании поврзани со владеењето на рускиот претседател Владимир Путин, се дел од новите пенали или пак се најдоа под американско ембарго. Меѓу лицата кои потпаднаа под овие санкции е и Игор Сечин, долгогодишен сојузник на рускиот претседател, којшто Запад го нарекува “помошникот на Путин“. Кариерата на Сечин била метеорска, од заменик директор во министерството за надворешни до заменик-премиер и прв во хиерархијата по Путин.
За време на својот престој на Филипините, американскиот претседател Барак Обама објави нови санкции за Москва. Седум руски владини претставници како и 17 компании поврзани со владеењето на рускиот претседател Владимир Путин, се дел од новите пенали или пак се најдоа под американско ембарго. Меѓу лицата кои потпаднаа под овие санкции е и Игор Сечин, долгогодишен сојузник на рускиот претседател, којшто Запад го нарекува “помошникот на Путин“. Кариерата на Сечин била метеорска, од заменик директор во министерството за надворешни до заменик-премиер и прв во хиерархијата по Путин. САД ги воведуваат новите казнени мерки за Русија откако Москва не успеа да го испочитува договореното, пишуваат западните медиуми.
Зоран Богатинов
