Истражување

Населението во голем ризик без Д-витамин

10.12.2022 08:45

Веќе втора деценија живееме во пандемски недостиг од Д витаминот што го зголеми ризикот за големи заболувања. 70 насто од населението, воопшто, нема доволно Д витамин, а една третина кај здравствените работници. Во голем ризик се жените, уште повеќе со староста. Пандемијата го вклучи алармот иако се различни студиите за релацијата на Ковид компликациите со недостигот од Д витаминот. Животот во затворен простор со висока технологија в раце ја зголеми опасноста, а голем непријател е неинформираноста...

Дури 70 насто од населението, воопшто, нема доволно Д витамин што предизвикува тешки заболувања и болести. Загрижуваат 48-те проценти кај децата од 9 до 11 години, а за итна реакција се високите 76 насто кај трудните жени. И здравствените работници се ризични со 32 проценти, посочува прилепската лабораториска аналитичарка Афродита Танеска. Нејзиното истражување докажало дека жените се со повисоки проценти, и тоа во поодминати години.

Корона кризата го вклучи алармот, ама истражувањата се сè уште поделени за поврзаноста на компликациите и недостигот од значајниот витамин и хормон.

Сонцето да не разгали во лето, на зима со соодветна храна и суплементи, ама со лекарска контрола, е препораката човештвото да го надомести значајниот Д витамин.

Елизабета Митреска