Руско-Украински конфликт

Путин размислува за промена на руската нуклеарна доктрина

10.12.2022 09:55

Претседателот на Русија Владимир Путин предупреди дека може да го преземе американскиот концепт на превентивен нуклеарен удар и да се откаже од идејата да употреби вакво оружје исклучиво за одбрана...

Претседателот на Русија Владимир Путин предупреди дека може да го преземе американскиот концепт на превентивен нуклеарен удар и да се откаже од идејата да употреби вакво оружје исклучиво за одбрана.

Во меѓувреме, експертите од Меѓународната агенција за нуклеарна енергија ја извршија четвртата ротација во Запорожје.

Според нив, санирањето на штетата предизвикана од гранатирањето на крајот на ноември се завршени. Инспекции се извршени и во уште две украински нуклеарни електрани.