САД

Вашингтон: Се создава голем воен сојуз

10.12.2022 09:55

Вашингтон ја обвини Москва дека продолжува да ја продлабочува воената соработка со Иран...

Вашингтон ја обвини Москва дека продолжува да ја продлабочува воената соработка со Иран.

Според САД, воената индустрија на Техеран ја снабдува руската војска со беспилотни летала. Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека поради конфликтот со Украина, Москва и Техеран може да отворат фабрика за дронови во Русија.

Според информациите на американските разузнавачи, воени инструктори од Москва обучуваат ирански пилоти за управување на воздухоплови СУ-35.