Мирно, но тензично на северот
Поради последните тензии, официјален Белград размислува за враќање на српски сили на Косово...

Поради последните тензии, официјален Белград размислува за враќање на српски сили на Косово. Премиерката Брнабиќ веќе предупреди дека одлуките на косовскиот премиер Курти може да доведат до вооружен конфликт и потсети дека Србија има право да врати одреден број војници според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.
„Никогаш нема да има полицајци и војници од Србија на територијата на Република Косово! Хегемонистичкиот сон на Србија никогаш нема да се оствари“, посочи претседателката на Косово Османи. Во меѓувреме, Брисел повторно ги покани лидерите на двете страни на преговори, терминот не е утврден. Косовскиот премиер Курти најави дека до крајот на месецов ќе поднесе кандидатура за членство во ЕУ.
