Објавени санкции за 65 лица
Санкции и визни ограничувања од САД добија 65 лица и ентитети од 17 земји објави Стејт департментот. Лицата кои се најдоа на „црната листа“ се од Русија, Иран, Кина, Северна Кореја, Хаити, Филипините, Шри Ланка...

Санкции и визни ограничувања од САД добија 65 лица и ентитети од 17 земји објави Стејт департментот. Лицата кои се најдоа на „црната листа“ се од Русија, Иран, Кина, Северна Кореја, Хаити, Филипините, Шри Ланка.
Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен нагласи дека заробувањето на една држава и системската корупција им овозможува на автократите да ја задржат власта и да ја поткопаат демократијата и владеењето на правото.
Ги констатираше и „аномалиите“ во одредени региони, како што е корупцијата која е основна причина за миграција во централна Америка, злоупотреби на државни ресурси и проневери во Африка.
