ДЗС: Раст на индустриското производство за 3%
Индустриското производство во март годинава во однос на март лани бележи раст од 0,6 %, додека во првиот квартал годинава во однос на првите три месеци од 2013 година бележи раст од три проценти...

Според последните податоци на Државниот завод за статстика, индустриското производство во март годинава во однос на март лани бележи раст од 0,6 %, додека во првиот квартал годинава во однос на првите три месеци од 2013 година бележи раст од три проценти.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2014 година, во однос на март 2013 година, бележи опаѓање од 3,2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи раст од 4,9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18,2 %.
Според главните индустриски групи, производството во март 2014 година, во однос на март 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,1 % и Капитални производи за 3,8 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 17,2 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,1 % и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 %.
