Блокади

Додека обвинувањата продолжуваат, приватните превозници чекаат одговор

10.12.2022 14:08

Приватните превозници сè уште немаат одговор од Владата дали ќе ги прими премиерот. Велат дека тоа им е единствената надеж за да се реши нивниот проблем. По сите блокади, повеќе не веруваат оти градоначалничката Данела Арсовска ќе ги удостои со разговор. Не се откажуваат од исплата на долгот …

Премиерот е единствената надеж за приватните превозници дека ќе ги прими на средба и ќе разгледаат можно решение. Чекаат одговор на нивното барање да се видат со Ковачевски. По сите блокади, повеќе не веруваат оти градоначалничката Данела Арсовска ќе ги удостои со разговор. Сепак, велат дека не се откажуваат од нивната цел – исплата на долгот и враќање на лиценците за работа.

Додека превозниците бараат решение за нивната мака, политичките обвинувања продолжуваат. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни ставови кој е одговорен за ситуацијата, но и кој треба да најде решение.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, бараат власта да побара оставка од Арсовска. Според нив, досегашното нереагирање на Владата е доказ дека на СДСМ не им се важни Скопје и скопјани. Според Мицкоски, има две опции како да се обезбедат пари.

По блокадите на клучните крстосници, превозниците сега се префрлија само пред Град Скопје, со надеж дека ќе добијат пари за да продолжат да возат. Во меѓувреме, Градот распиша јавен повик за дел од линии, а договорите со „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ беа раскинати.

Катерина Топалова