Штип
Отворен првиот трговски центар во Источна Македонија
10.12.2022 15:59
Источниот регион доби современ Сити Мол граден и уреден по светски стандарди. Се работи за домашна инвестиција која отвора околу 300 работни места и за енергетско ефикасен објект со фотонапонска централа...

Штип Сити Мол ги отвори вратите за посетителите. Единствениот ваков трговски центар во регионот е домашна инвестиција, а во изградбата на објектот биле ангажирани само домашни компании.
Бенефит од еден ваков трговски центар ќе имаат жителите од регионот, но и самата општина.
Штип Сити Мол е и првиот трговски центар кој има своја фотонапонска централа која ќе задоволува дел од потребите на молот а тоа ќе резултира и со поповолни услови за закупците.
Славица Величковска
