Македонија

Јовевски: Неточни се личните оценки на Грковска за работата на Јавното обвинителство

10.12.2022 17:06

Републичкиот обвинител, Љубомир Јовески во вербална војна со вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска...

Републичкиот обвинител, Љубомир Јовески во вербална војна со вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска. Откако таа рече дека е поразително што обвинители немаат интегритет сами да одлучуваат, дека некои се плашат и кога тајно гласаат, но и дека е против изборот на Јовески за уставен судија, бидејќи не го постигнал она што требало како државен обвинител.

Јовески ја обвини Грковска дека изнесува лични и непоткрепени оценки, но и дека не ја почитува поделбата на власта и се меша во работата на обвинителството.

„Нема да прифатиме улога на ученици во која некој ќе ни кажува кој треба и по кој член да одговара, ниту пак да кажува кој, каде и како треба да биде избран“, порача Јовески.