Барикади на северот во Косово по апсењето на поранешен српски полицаец
Косовската полиција соопшти дека граничните премини на северот на Косово во Јариње и Брњак се привремено затворени, а поводот за тоа е полициска проценка и мерка за претпазливост по блокадите кои ги поставија српските жители во неколку села...

Србите поставија барикади на неколку локации на северот на Косово во знак на протест поради апсењето на поранешен припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.
Косовската полиција соопшти дека граничните премини на северот на Косово во Јариње и Брњак се привремено затворени, а поводот за тоа е полициска проценка и мерка за претпазливост по блокадите кои ги поставија српските жители во неколку села.
Приштина соопшти дека изборите во четирите општини со мнозинско српско население кои првично требаше да се одржат на 18-ти декември, се презакажани за април в година.
