Македонија

Малите општини имаат недостиг на комунални инспектори

11.12.2022 09:06

Инспекторите од секаков вид се дефицитарен кадар во општините. Недостигаат и комунални инспектори, кои и оваа година најмногу казнувале за узурпација на јавните површини и за загадување на урбаните средини...

И по две децении откако во сите општини делуваат комунални инспектори, сè уште има недостиг на овој кадар. Една од причините е што според Законот за инспекциски надзор инспекторите треба да поседуваат лиценца. Проблемот делумно се решава со меѓуопштинска соработка.

Комуналните инспектори ги спроведуваат Законите за јавна чистота и комунални дејности. Велат дека прво настапуваат со опомени кон сторителите, а потоа изрекуваат глоби од 40 до 150 евра

Недостиг на комунални инспектори е најприсутен во малите и руралните општини, но многу и од поголемите општини не го задоволуваат критериумот за еден комунален инспектор на 20 илјади жители.

Славица Величковска