Временска прогноза

Облачно со повремени врнежи од дожд

11.12.2022 09:14

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места и особено во крајните западни и источни делови врнежите ќе бидат пообилни, а на југоистокот ќе има услови и за појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.