Турција

Ердоган: Можно е да се кандидирам за претседател во 2023 година

11.12.2022 09:48

Турскиот претседател Ердоган изјави дека е можно да се кандидира за истата функција и во 2023 година...

Турскиот претседател Ердоган изјави дека е можно да се кандидира за истата функција и во 2023 година.

Доколку победи, тоа ќе биде последниот мандат на чело на државата. Претседателските и парламентарните избори се закажани за јуни.

Ердоган и неговата Партија за правда и развој владеат од 2003 година. Инфлацијата и подготовките на новиот Устав се меѓу главните предизвици на идниот лидер.