Богов: Мирен амбинет за спроведување на економските политики
Економските аналитичари велат дека политичките фактори имаат значително влијание врз економијата во земјава...
Мирен амбиент по изборите е најдобро решение за спроведување на економските политики, вели гувернерот Димитар Богов. Тој не сакаше да ги коментира политичките случувања, но порача дека ценовната стабилност нема да биде загрозена.
„Не би коментирал политички случувања, сепак народната банка е тука да си ја изврши својата цел а тоа е ценовната стабилност да биде задржана, како и стабилноста на банкраскиот систем. во секој случај мирен амбиент би бил најдобар за спроведување на економските политики“, изјави гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.
Економските аналитичари велат дека политичките фактори имаат значително влијание врз економијата во земјава. Предупредуваат на ризикот од економска криза доколку се реализира барањето на опозицијата за техничка влада.
„Се покажа во пракса дека сме многу сензитивно во ситуации на политички нестабиност во многу димензии, пред се во повлекување нна странски инвестиции, но и на други зафати во внтарешните инвестициски капацитети. Ова уште повеќе ќе го отежнува бизнис амбиентот за нови зафати, за нови циклуси“, вели универзитетскиот професор, Абдуламенаф Беџети.
Народната банка за две недели ќе излезе со најнови проекции за економскиот раст и инфлацијата до крај на годината. Првичните сигнали, според Богов покажуваат дека сепак 3,7% е остварлива стапка на раст земајќи ги предвид ризиците што доаѓаат од Украина и меѓународните санкции.
Соња Јованова Наумовска
