Јубилејно издание на Јуниорскиот Евросонг, денеска од 16 часот на МРТ
Јубилејното 20-то издание ќе го отвори претставничката на Холандија, а ќе го затворат Ерменија и Украина. Нашите претставници ќе настапат десетти. Лара, Јован и Ирина со нетрпение чекаат да застанат на големата евровизиска сцена и да ја претстават Македонија во најдобро светло. Гласањето е во тек...

Денеска со почеток од 16 часот гледачите на МРТ ќе имаат можност во живо да го следат јубилејното 20-то издание на Јуниорскиот Евросонг. Лара заедно со Јован и Ирина, со песната „Животот е пред мене“ веќе ги освоија симпатиите на фановите. Заедно со нив на сцена се и танчарките Александра и Мила.
Јубилејното 20-то издание ќе го отвори претставничката на Холандија, а ќе го затворат Ерменија и Украина. Нашите претставници ќе настапат десетти.
Лара, Јован и Ирина со нетрпение чекаат да застанат на големата евровизиска сцена и да ја претстават Македонија во најдобро светло.
Гласањето за Јуниорскиот Евросонг е во тек, а завршува денеска во 15:59 часот. На следниот линк https://vote.junioreurovision.tv имате право да гласате за тројца ваши фаворити, вклучувајќи ја и својата земја.
Последното гласање ќе биде повторно отворено во времетраење од 15 минути по завршувањето на изведбата на последната композиција, на истиот линк.
